Дома Фудбал Германија Како Гнабри го изиграл Арсенал и преку Вердер завршил во Баерн

Како Гнабри го изиграл Арсенал и преку Вердер завршил во Баерн

Серж Гнабри од вчера е топ тема во спортските медиуми, Гнабри постигна два гола во победата на Баерн од 0:3 против Челзи и така ја продолжи одличната серија кога игра во Лондон.

Германецот беше дел од Арсенал од 2011 до 2016 година, а потоа се врати во Бундес лигата, прво во Вердер, па потоа во Баерн. Во вечерта кога Гнабри блесна неговиот поранешен тренер во Арсенал, Арсен Венгер беше гостин во „БеИН Спортс“ и тој раскажа како Гнабри иако имал договор го изиграл Арсенал и преку Вердер потпишал за Баерн.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Со Гнабри се договоривме дека ќе го продолжи договорот, се беше познато и тој се согласи, потребно беше само уште да се официјализира. На крајот сепак не извести дека сака да оди во Вердер. Ние добро знаевме дека не станува збор за Вердер и дека во позадина на целата приказна стои Баерн Минхен. Шест месеци откако се пресели во Вердер потврди дека оди во Баерн. Ние знаевме дека тоа е договорено од претходно. Не можевме ништо да направиме бидејќи договорот му истекуваше“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…