Дома Трансфер зона Не е само Мазрауи – Баерн договорил и уште еден фудбалер на Ајакс!

Не е само Мазрауи – Баерн договорил и уште еден фудбалер на Ајакс!

Холандскиот гигант Ајакс вчера ја освои новата титула шампион. До титулата Ајакс дојде со победата проти Херневен од 5:0, за нив тоа беше 36-та во првенството. Во текот на славјето беше потврдено дека си заминуваат двајца фудбалери.

Хасан Салихамиџиќ и претходно потврди дека Мазрауи се сели во Баерн, а вчера истото го потврди и самиот фудбалер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Да конечно можете да ми честитате. Се е завршено. Чекав да ја освоиме титулата па да објавам. После Ајакс, Баерн е тимот од моите соништа“, изјави Мазрауи.

Покрај Мазрауи беше потврден одека од Ајакс си заминува и Рајан Гравенберч кој исто така оди во Минхен.

„За жал и тој не напушта. Ти посакувам многу среќа во Баерн“, соопшти неговиот соиграч Кенет Тејлор.

Преговорите помеѓу Ајакс и 19-годишниот фудблаер за врска наводно се уште се водат, меѓутоа се очекува се да биде брзо завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…