Дома Топ вести Не е само „Златната топка“: Винисиус останал и без огромен бонус

Не е само „Златната топка“: Винисиус останал и без огромен бонус

Бразилскиот ас Винисиус Жуниор важеше за прв фаворит за „Златната топка“ се до вчера, но на крајот остана без престижната награда.

Не го криеше разочарувањето Винисиус и со реакцијата на социјалните мрежи, a медиумите денеска дополнуваат и дека бил толку убеден во победата што и резервирал хотел за забава. Исто така на пријателите им ветувал и „Ролекс“ часовници.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Разочарувањето за Винисиус може да биде и поголемо затоа што Бразилецот имал клазула според која требало да добие еден милион евра бонус ако ја освои „Златната топка“.

Таква клазула во минатото во Реал Мадрид имаше и Карим Бензема кој успеа да ја освои и го доби бонусот.

Бразилецот беше блиску, меѓутоа вчера доживеа вистински шок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Екипата на Брера Струмица важни три бода на гости кај Арсими во Гостивар, триумфирајќи со …