Македонија одигра одлични два натпревари во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а добрата форма на дел од репрезентативците може да им обезбеди трансфер во некој голем европски клуб.
За Елиф Елмас кој го носи дресот на Фенербахче веќе подолго време е познато дека се интересираат клубови од Италија и Англија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес медиумот на албански јазик „инфоспорт“ објави дека за Висар Муслиу се заинтересирани три клуба од германската Бундес лига.
Муслиу важи за еден од најдобрите стопери во овој момент во Македонија. Освен тоа тој беше дел и од одличната младинска генерација која настапи на Европското првенство во 2017, а сега стана незаменлив член на сениорската селекција.
Според последните информации за дефанзивецот на Шкендија и Македонија интерес покажале Хамбургер, Вердер и Аугусбург. Се наведува дека овие три клуба посебно го зголемиле интересот после натпреварот во Љубљана против Словенија во која Македонија ремизираше 1:1. Наводно, овие три германски бундеслигаши имале свои скаути на трибините во „Стожице“.
Муслиу дресот на Шкендија го носи нешто повеќе од една година и се очекува да замине доколку навистина пристигне понуда од некој од овие три германски клуба. Пред Шкендија го носеше дресот на Ренова и Вардар, во Вардар настапуваше кога овој тим се избори за групна фаза во Лигата на Европа.