Дома Трансфер зона Не е готово, Челзи спрема нова понуда за Фофана

Не е готово, Челзи спрема нова понуда за Фофана

Челзи не се откажува од намерата до крајот на преодниот рок да го реализира трансферот на Весли Фофана од Лестер.

„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, а Фофана е примарна трансфер цел на Томас Тухел.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Лестер е во силна позиција да преговара за 22-годишниот дефанзивец бидејќи тој има договор до летото 2027 година.

„Лисиците“ веќе одбија една понуда од 70 милиони фунти, но сега самиот фудбалер притиска за трансфер.

Фофана постигна комплетен договор со Челзи и побарал трансфер од раководството на Лестер. „Сините“ сега спремаат нова понуда која со бонуси може да достигне до 80 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…