Помошникот тренер на ПСЖ објасни зошто Нејмар толку често се превиткува на теренот откако ќе биде фаулиран.
Често пати Бразилецот е предмет на исмејување поради тоа, а помошникот тренер на ПСЖ, Зслот Лев објасни дека не се работи глума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нејмар има неверојатно чувствителни стапала. Кога и да го удрат чувствува екстремно силна болка. Тој е многу добра и отворена личност. Понекогаш изгледа арогантно, кога ќе го фаулира некој играч тој сака што е можно побрзо да му врати со тоа што ќе го издрибла. Така одговара на грубата игра“, изјави Лев.
Нејмар во текот на кариерата имаше бројни проблеми со повредите. Често проблем беа неговите стапала, па овие зборови може има и вистина.