Изминатата ноќ била драматична во Париз.
Утрово најпознатите медиуми пишуваат за драмата која се одвивала во домот на Анхел Ди Марија, токму и поради тоа Аргентинецот беше заменет од Покетино. Но, тој не бил единствениот кој бил мета на крадци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера бил ограбен и домот Маркињос.
Ситуацијата со Ди Марија била веројатно повеќе драматична затоа што веста како што и снимија камерите веднаш стигнала до Леонардо кој му пренесе на Покетино да го замени Ди Марија, а Аргентинецот веднаш се упатил во неговиот дом.
Маркињос после натпреварот потврди дека неговото семејство добро со исклучок на претрпениот шок.
„Се случија работи кои немаат врска со спортот и тие ја објаснуваат нашата игра во второто полувреме. Не е алиби, но ни ја одземаа енергијата“, изјави Покетино.
Моментот кога Покетино го менува Ди Марија можете да го погледнете – тука.