Дома Македонски спорт Мак ракомет Не беа доволни ниту тие 500, Вардар пушта уште 200 влезници за натпреварот со Барселона

Не беа доволни ниту тие 500, Вардар пушта уште 200 влезници за натпреварот со Барселона

Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона во Лигата на шампионите кој се игра истиот викенд привлекува огромен интерес кај македонската спортска јавност.

Вардар неодамна во продажба за натпреварот против шпанскиот гигант пушти дополнителни 500 влезници, но од утре ќе бидат пуштени уште нови 200!

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како и претходните 500 и овие билети ќе бидат за стоење и цената ќе изнесува 150 денари.

Црвено-црните против Барселона ќе истрачаат на 11 ноември (недела) во 17 часот.

Билетите во продажба ќе бидат пуштени утре преку „www.ticketplus.mk“, како и билетарата пред СЦ „Јане Сандански“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…