Дома Фудбал Останато Нејмар се појави пред судот во Барселона 📸

Нејмар се појави пред судот во Барселона 📸

Бразилскиот фудбалер Нејмар денеска пристигна пред судот во Барселона, каде ќе треба да одговара на прашања за наводна проневера при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.

Новинар на „Франс прес“ објави дека 30-годишниот напаѓач на Пари Сен Жермен бил придружуван од неговите родители, кои исто така се обвинети во овој случај. Обвинителството побара двегодишна затворска казна за Нејмар и парична казна од 10 милиони евра за корупција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај Нејмар и неговите родители, обвинети се и двајцата поранешни претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешниот претседател на Сантос, Одилио Родригез Фиљо.

Судењето на Нејмар започнува еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар, а треба да трае до 31 октомври. Бразилската инвестициска компанија ДИС, тогаш носител на 40 отсто од правата на играчот, го изведе случајот на суд во 2015 година.

Таа компанија смета дека е оштетена при трансферот на напаѓачот, бидејќи Барселона првично ја пресметала неговата цена на 57,1 милиони евра (40 милиони за Нејмар и неговото семејство и 17,1 за Сантос), а шпанското правосудство проценува дека зделката всушност чинела најмалку 83 милиони евра.

Компанијата, која доби 6,8 милиони евра од официјално исплатените 17,1 на бразилскиот клуб, тврди дека Барселона, Нејмар, а потоа и Сантос се преговарале да ја сокријат вистинската сума на операцијата и дека ја „измамиле“. Затоа таа компанија бара 35 милиони, за кои верува дека ги загубила во тој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…