Бразилецот кој ова лето премина од Барселона во ПСЖ, наводно ја отворија душата, што се крие зад се?
Нејмар и понатаму е тема број еден во Париз, а во неделата повторно ја посети Барселона и ги посети своите поранешни соиграчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат бројни медиуми, Нејмар при посетата им открил на Лионел Меси и Луис Суарез дека е несреќен во Париз.
Бразилецот наводно е незадоволен од методите на тренерот, Унаи Емери со кој веќе имаше „судир“. Покрај тоа како што пренесуваат медиумите, на Нејмар му недостасувал и животот во Барса, најмногу Меси и Суарез со кој како на теренот, така и надвор од него беше повеќе од соиграч и пријател.
Помеѓу другото Нејмар зборувал и дека животот во Париз е многу поразличен и дека на него и неговото семејство не му е лесно поради тоа, па одлучил слободниот ден да го помине во друштво на поранешните соиграчи.
Да потсетиме, токму Меси и Суарез правеа огромни напори во текот на летото и го убедуваа Нејмар да не ја напушта Барселона, тие го убедуваа дека никаде на светот нема да го има она што го имаше во Барса, Нејмар веројатно го сфати тоа, но малку предоцна.