Дома Фудбал Останато Нејмар пред судот: Правев како што ми кажуваше татко ми

Нејмар пред судот: Правев како што ми кажуваше татко ми

Вчера Нејмар се појави во судот во Барселона во случајот поради неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.

Покрај Нејмар и неговите родители, обвинети се и двајцата поранешни претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешниот претседател на Сантос, Одилио Родригез Фиљо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Судењето на Нејмар започнува еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар, а треба да трае до 31 октомври. Бразилската инвестициска компанија ДИС, тогаш носител на 40 отсто од правата на играчот, го изведе случајот на суд во 2015 година.

Таа компанија смета дека е оштетена при трансферот на напаѓачот, бидејќи Барселона првично ја пресметала неговата цена на 57,1 милиони евра (40 милиони за Нејмар и неговото семејство и 17,1 за Сантос), а шпанското правосудство проценува дека зделката всушност чинела најмалку 83 милиони евра.

Компанијата, која доби 6,8 милиони евра од официјално исплатените 17,1 на бразилскиот клуб, тврди дека Барселона, Нејмар, а потоа и Сантос се преговарале да ја сокријат вистинската сума на операцијата и дека ја „измамиле“. Затоа таа компанија бара 35 милиони, за кои верува дека ги загубила во тој случај.

Пред судот Нејмар изјави дека правел се што ќе му каже неговиот татко.

„Можев да потпишам и за Реал Мадрид, но мојот избор од почетокот беше Барселона. Од дете сонував да играм за тој клуб. Но, јас не бев вклучен во преговорите, правев се што ќе ми каже татко ми“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…