Саудискиот Ал Хилал плати огромна сума да го доведе Нејмар кој потоа тешко се повреди, а изгледа и дека повеќе не му се игра во Саудиска Арабија.
Напаѓачот ги скина вкрстените лигаменти во октомври минатата година, а неодамна конечно се врати на тренинзите на Ал Хилал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ал Хилал за трансферот на нејмар на ПСЖ му плати 90 милиони евра. Бразилецот минатата сезона одигра само пет натпревар, а веќе размилсува да го напушти клубот.
Нејмар на неговите менаџери им соопштил дека сака да го ослободат од договорот со саудискиот клуб и по секоја цена сака да се врати во Барселона.
Бразилецот и ова лето се обиде да се врати во Барселона, но доби „корпа“ од тренерот Ханзи Флик.