Бразилецот Нејмар од наредната сезона најверојатно нема да биде фудбалер на ПСЖ, пренесува францускиот „Л’Екип“.
Напаѓачот пристигна во редовите на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Челниците на ПСЖ сметаа дека така прават важен чекор кон освојувањето на Лигата на шампионите. Меѓутоа, ПСЖ и понатаму чека на најважниот клупски трофеј во европскиот фудбал. Нејмар е означен токму како еден од главните виновници.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна после елиминацијата од Реал Мадрид доби жестоки свирежи од навивачите кои му замеруваат дека не се труди доволно.
„Сопствениците од Катар се незадоволни. Не им се допаѓа начинот на живот на Нејмар. Се добива впечаток дека повеќе размислува на забавите отколку на фудбалот. Повеќе го сака како Париз како град, отколку ПСЖ“, пишува „Л’Eкип“.
Прашање е каде Нејмар ќе ја продолжи кариерата. Најголемиот проблем се неговите огромни примања и нема многу клубови кои можат да ги исполнат неговите финансиски услови.