Дома Фудбал Останато Нејмар открива: Меси ме тешеше додека плачев, така се започна…

Нејмар открива: Меси ме тешеше додека плачев, така се започна…

messi

Освен ривали во фудбалска смисла, Меси и Нејмар се и добри пријатели.

Тоа барем може да се заклучи од изјавата на Бразилецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во разговор за бразилската телевизија „Глобо“, Нејмар опиша колку Меси му значел кога пристигнал на „Ноу Камп“ во 2013 година и како започнало нивното пријателство.

„Бев целиот во солзи бидејќи не бев добар во своето деби. Меси забележа колку сум тажен ми пријде и започна разговор. Ми кажа: „Мораш да останеш свој. Играј фудбал онака како што знаеш и не дозволувај некој да те исплаши“. Неговите зборови и тоа како ми помогнаа“, изјави Нејмар и потоа продолжи:

„Дали ви се допаѓа вас тоа или не, играњето со големи ѕвезди може да го успори важиот развој. Можете да се чуствувате помалку вредно. Дури после разговорот со Меси почнав да се опуштам и да играм онака како што знам. Така се запопчна, се опуштив и станав среќен, а започна и едно големо пријателство“, заврши сегашниот фудбалер на Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез: Да не беа Намбија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше „Златна топка“

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за „Златната топка“ која заврши во…