Дома Топ вести Нејмар не се откажува од трансфер: Спремен да ја намали платата за да се врати во Барселона

Нејмар не се откажува од трансфер: Спремен да ја намали платата за да се врати во Барселона

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар не се откажува од својата идеја да се врати во Барселона, тврдат каталонските медиуми.

Бразилецот играше за Барселона четири години и во 2017 година се пресели во парискиот клуб за рекордни 222 милиони евра. Сепак, Нејмар се чувствува несреќен во ПСЖ и е незадоволен од недостигот на конкуренција во француската Лига 1.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонците уште минатото лето сакаа да го вратат Бразилецот, но не успеаа да постигнат договор со ПСЖ. Барса сега  доживеа финансиски загуби поради пандемијата на коронавирус. За да го купи Нејмар, треба да се раздели со голем број на играчи.

Сепак, Нејмар се уште инсистира на трансфер на „Камп Ноу“ и е спремен да ја намали својата плата. „Диарио Спорт“ тврди дека Барса ќе се обиде да вклучи неколку фудбалери како Кутињо, Дембеле, Умтити за да го реализира трансферот.

Нејмар оваа сезона во Лига 1 настапи на 24 натпревари, постигна 18 голови и направи 9 асистенции. Сезоната беше предвреме завршена поради пандемијата на коронавирус, а ПСЖ ја освои титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…