ПСЖ во вчерашниот натпревар тешко дојде до победата против Троја и со головите на Нејмар и Кавани стигна до победа од 2:0.
Клубот од Париз во првото полувреме имаше голема прилика да дојде до предност, но Ургуваецот, Едисон Кавани не реализираше пенал. Со тоа повторно почна да се пишува за тоа кој е подобар изведувач на ударите од белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Моите играчи знаат кој треба да ги шутира пеналите, но сето тоа може да се прилагоди во зависност од тоа што се случува на теренот. Ова е вистински пример како треба да изгледаме на теренот, Кавани шутираше пенал, Нејмар погоди и асистираше.“, изјави Емери, додека Тијаго Силва истакна.
„Нејмар направи убав потег со тоа што му дозволи на Кавани да го изведе пеналот“, изјави капитенот.
„Среќни сме што го имаме во тимот. Тој ни го отвори патот кон победата“, истакна Верати.