Дома Топ вести Нејмар купува куќа во Мадрид татко му коментира: Се во животот се менува, ништо не е сигурно

Нејмар купува куќа во Мадрид татко му коментира: Се во животот се менува, ништо не е сигурно

Продолжуваат шпекулациите за трансфер на Нејмар во Реал Мадрид…

Бекот на „кралевите“ и добар пријател на Нејмар, Марсело прави се за да го убеди Бразилецот да се му се придружи во Мадрид.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шпанските медиуми откриваат, а веста ја пренесуваат и англиските и француските медиуми. Наводно Марсело го убедил Нејмар да инвестира во луксзна куќа во главниот град на Шпанија.

Ова беше доволно причина за сите светски медиуми да започнат да пишуваат дека најскапиот фудбалер во светот наскоро повторно ќе го промени клубот.

Да потсетиме, Нејмар за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ со цел да избегне од сенката на Меси и да стане главна ѕвезда.

Но, тоа во ПСЖ не му оди бидејќи играчите не го сакаат бидејќи се однесува како тој да е најважениот, додека Кавани не сака да го отстапи своето место.

Поради тоа започнаа шпекулациите за трансфер во Реал, како и купувањето на куќа, а овој потег на Бразилецот го прокоментира и неговиот татко.

„Се во животот се менува, никогаш не можете да бидете сигурни. Во овој момент размислувам за заминување од ПСЖ. Не знам што ќе се случи во иднина“, изјави Нејмар сениор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…