Дома Трансфер зона Нејмар заплакал откако дознал дека останува во ПСЖ

Нејмар заплакал откако дознал дека останува во ПСЖ

neymar

Нејмар ова лето очајнички посакуваше да го напушти ПСЖ.

Бразилецот дојде до судир со челните луѓе во клубот откако Барселона се обиде да го врати на Камп Ноу, а и Реал Мадрид беше заинтересиран за неговите услуги.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонците одржаа неколку состаноци со Парижаните, но никако не успеаја да постигнат договор, а откако преодниот рок заврши во понеделникот, стана јасно дека Нејмар сепак останува во Париз.

Се чини дека на Бразилецот тешко му паднало тоа што ќе остане во ПСЖ, а според извештаите на медиумите тој дури и заплакал откако го дознал епилогот.

Во шпанската телевизиска емисија ‘El Chiringuito’ е откриено дека Нејмар во саботата вечерта го побарале претставници на Барселона за да го информираат дека направиле се што можат, но не успеале, а после тоа тој заплакал и бил лут на ПСЖ.

Некои медиуми пишуваат дека Барселона никогаш не била сериозна во своите обиди да го донесе Нејмар бидејќи во еден момент немале подготвено пари за негов трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…