Ѕвездата на ПСЖ, Бразилецот Нејмар се потсети еден од своите најтешки моменти во кариерата.
Нејмар за медиумите во Франција зборуваше за стартот на Колумбиецот Зунига во четвртфиналето на Светското првенство во 2014 година. Нејмар поради овој прекршок не настапи во полуфиналето против Германија, натпревар кој Бразил го загуби со 7:1.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не можев да ја подигнам ногата. Веднаш почнав да плачам. Докторите во болницата и на теренот даваа се од себе, но не можам да ја заборавам таа болка кога морав да ја испружам ногата. Веднаш знаев дека нема да можам да го продолжам натпреварот, а се стравува и дека повеќе никогаш нема да можам да одам“, открива Нејмар.