Дома Фудбал Останато Нејмар го бира тренерот на ПСЖ – Ова е неговиот предлог!

Нејмар го бира тренерот на ПСЖ – Ова е неговиот предлог!

Нејмар му предложил на сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи да го промени тренерот Унаи Емери и на неговото место да го замени Луис Енрике.

За новиот тренер главен кандидат е Антонио Конте од Челзи, но Нејмар му кажал на шеикот дека не му се допаѓа стилот на Италијанецот и дека Луис Енрике е решението, пишуваат шпанските и франциските медиуми. Првата ѕвезда на „светците“ е во родниот Бразил, каде што закрепнува од повредата, за време на посетата на Ал-Келаифи и спортскиот директор Антеро Енрике ги советувал да го ангажираат Луис Енрике.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Нејмар со Луис Енрике успешно се соработуваше во Барселона, заедно за три сезони освоија дури девет трофеи (две Примери и Лига на Шампиони), а потоа минатото лето во исто време си заминаја од „Камп Ноу“.

Едно е сигурно, Емери на крајот од сезоната си заминува од Париз поради неуспехот во Лигата на Шампионите, односно елиминацијата од Реал Мадрид во осмина финалето без оглед на тоа што е блиску од освојување на шампионската титула во француската Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти го сподели планот со специјален гест за Модриќ

Реал Мадрид денеска ќе одигра натпревар од 38. коло на шпанското првенство на Сантјаго Бер…