Дома Фудбал Франција Нејмар: Во што е проблемот ако излегувам и се забавувам?

Нејмар: Во што е проблемот ако излегувам и се забавувам?

Ѕвездата на ПСЖ не одрекува дека сака ноќен живот, но истакнува дека луѓето треба да му судат според она што го прикажува на теренот.

Бразилскиот напаѓач со контроверзно однесување предизвика големо внимание. Најмногу му се замерува на недоволната посветеност на фудбалот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Излегува кога имам прилика, кога знам дека утре немам тренинг. Нема ниту да престанам да го правам тоа. Во што е проблемот? Судете ми по она што го правам на теренот. Критикувајте ме ако треба. Но тоа што правам надвор од теренот не треба да ве интересира“.

„Знам да се грижам за себе. Имам физиотерапевт, имам кондиционен тренер кои ми се тука 24 часа на располагање. Луѓето зборуваат: Нејма не се грижи за себе, Нејмар ова, Нејмар она…Како тогаш сум на ова ниво 12 години, ако не се грижам? Тоа никој не може да ми го објасни“, изјави Нејмар.

Нејмар оваа сезона од почетокот не игра баш најдобро и постигна само еден гол во досегашните осум натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Шок од Мадрид: Анчелоти заминува пред крајот на сезоната – Реал ќе плати клазула за неговиот наследник!

Карло Анчелоти дојде до крајот на својот мандат во Реал Мадрид! Скај Спорт ексклузивно обј…