Дома Фудбал Останато Несторовски: Се гледам во Палермо и следната сезона!

Несторовски: Се гледам во Палермо и следната сезона!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски оваа сезона е хит во Серија А, па имаше ексклузивно интервју во реномираната „Газета дело Спорт“.

Несторовски за „Газета“ за својот идол, односот со Пандев и им порача на фановите дека и следната сезона се гледа себе си во Палермо.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Го знам планот за опстанок. Треба да останеме обединети докрај и напорно да работиме. Се надевам дека ќе се видиме со навивачите на Палермо и следната година. Апсолутно сум задоволен во Палермо и сакам да останам тука“, изјави Несторовски.

Несторовски во Италија го споредуваат со легендарниот Пипо Инзаги, за Македонецот не крие дека тој е неговиот идол од детството.

„Пипо е икона на италијанскиот фудбал и идол на голем број на фудбалери. Ќе бидам задоволен доколку постигнам и половина од тоа што го има направено тој во фудбалот. И за такво нешто ќе ми треба многу труд, добри игри и голови“, вели Македонецот и на крај проговори за својот однос со Пандев.

„Горан е „златното“ момче на македонскиот фудбал. Голем е вистински професионалец и од него може многу да се научи. Остави траен белег во Серија А, и на светската сцена. Одлични пријатели сме и верувам дека со него оваа генерација на фудбалери можат да и донесат многу радост на Македонија со добри резултати на нашата репрезентација“, заврши Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: „Топџиите“ ја напаѓаат Божицата

Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а еден од најинтересни…