Дома Фудбал Италија Несторовски му ги расипа плановите на Јувентус!

Несторовски му ги расипа плановите на Јувентус!

Вечерва на „Дачиа Арена“ Удинесе и Јувентус го одиграа натпреварот од 35. коло во италијанската Серија А.

Нашиот репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец за израмнување (1:1), а натпреварот на крајот го доби домашната екипа со победнички гол во 92. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова за Јувентус беше важен натпревар, бидејќи доколку славеше победа ќе ја осигураше деветата шампионска титула по ред во Серија А.

Нашиот Нестор-гол и Удинесе им ги расипаа плановите на Јуве, па Старата дама ќе мора во следното коло да се обиде да ја освои титулата.

Ова за Несторовски беше трет погодок оваа сезона, откако претходно ја затресе мрежата на Рома и Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maкедонија има супер-талент: Дариан Галевски го освои СП на академиите на Барселона!

Македонија добива ново фудбалско име кое сериозно го привлекува вниманието на европската с…