Дома Фудбал Останато Неста објасни како би го запрел Халанд: Одличен е, но не е како Бразилецот Роналдо

Неста објасни како би го запрел Халанд: Одличен е, но не е како Бразилецот Роналдо

Легендарниот Алесандро Неста смета дека иако Ерлинг Халанд е врвен напаѓач сепак е далеку од квалитетот на Бразилецот Роналдо.

Неста во интервју за италијанските медиуми беше запрашан дали би го запрел Халанд кога е во топ форма, а неговиот одговор беше интересен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нормално дека би го запрел. Халанд е одличен фудбалер, но Бразилецот Роналдо беше едно друго ниво. Во кариерата играв против многу играчи и против Меси и Роналдо, но тврдам дека подобар напаѓач од Бразилецот Роналдо не постоеше“, истакна Неста.

Италијанецот и советуваше како да се запре Халанд.

„Би го напаѓал жестоко цело време, мора да сте во постојан контакт со него. Кога ќе ја прими топката морате да му направите фаул, не смеете да му дозволите да се сврти. Ако се сврти и види простор тогаш се е готово“, смета Неста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …