Италијанските медиуми пренесуваат дека „врие“ во таборот на „нероаѕурите“ и дека наскоро генералниот директор Џузепе Марота може да го напушти Интер.
Весникот „Месиџеро“ открива дека има „ладна војна“ на релација Жанг- Конте – Марота.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, претседателот Жанг сака по секоја цена тимот да ја заврши сезоната макар со еден трофеј, макар и тоа да е Купот на Италија.
Од друга страна поради гистиот распоред кој го направија Фудбалскиот сојуз, „нероаѕурите“ сакаат да се „откажат“ од полуфиналниот Куп дуел со Наполи и да играат со тим во кој ќе преовладуваат младинци.
Од друга страна Марота има притисок од претседателот за големите инвестиции и високата плата која му ја даде на Конте, а се чини дека и оваа сезона Интер ќе остане без трофеј.
Поради тоа Марота е спремен да поднесе оставка од директорската функција откако ќе заврши оваа сезона.
Дали ќе дојде до тоа, останува да видиме…