Новинарот од Косово Агим Касаполи открива за голем инцидент во нивната репрезентација.
Три дена по шокот кој го доживеаа во Скопје и поразот од 2:1 Косово играше против Словенија и тој натпревар го загубија минимално со 0:1. Касаполи oбјави дека по тој натпревар најмногу и под влијанието од поразот во Скопје настанал хаос во соблекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што тој објави, Валон Бериша и Едон Жегрова имале тежок инцидент. Двајцата сериозно се степале, а недолично се однесувал и Арбер Зенели.
Дека нешто се случувало покажува тоа што оваа тројка беше изоставена од селекторот Барнард Шаланде за натпреварот после Словенија кога Косово играше против Грција.
Според Касаполи нервозата по поразот во Скопје кај фудбалерите на Косово била огромна, па и една мала искра била доволна да предизвика хаос.