Дома Фудбал Репрезентации Неправда за Морено: Ја одведе Шпанија на ЕП, а сега нема да биде ниту помошник!

Неправда за Морено: Ја одведе Шпанија на ЕП, а сега нема да биде ниту помошник!

Репрезентацијата на Шпанија вчера во Мадрид ја декласираше Романија со 5:0 во посленото коло од квалификациите за Европското првенство.

Шпанците уште претходно го обезбедија пласманот на Европското првенство, а во квалификациите се без пораз со осум победи и два нерешени натпревари. Но после вчерашниот натпревар Фудбалскиот сојуз на оваа земја ја шокираше јавноста.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, досегашниот селектор Роберто Морено влегол во соблекувалната и со солзи и им соопштил на играчите дека е отпуштен. Фудбалскиот сојуз на Шпанија одлучил на селекторското мсто да го врати Луис Енрике кој ќе ја води „Фуријата“ на ЕП.

Енрике се повлече на почетокот на годината поради болеста на неговата ќерка која за жал пред неколку месеци го напушти овој свет. Откако го напушти селекторското место неговата позиција му припадна не човекот кој му беше помошник, Морено.

Иако Морено имаше одлични резултати и ја одведе Шпанија на ЕП направена му е голема неправда и тој нема да му биде ниту помошник на Енрике, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Одлучено е помошник на Енрике да му биде Хуан Карлос Унзеу кој соработуваше со Енрике во Селта и Барселона.

Денес Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе одржи прес-конференција на која ќе ја објасни ваквата одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…