Германскиот фудбалер, Јулијан Дракслер најверојатно ќе ги напушти редовите на француски ПСЖ до крајот на преодниот рок.
Од заминување во Париз од Волфзбург во јануари 2017. година, Дракслер не се наигра во дресот на Парижаните. Повеќето шанси ги добиваше од клупата, и константно се споменуваше можноста за негово заминување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа на крајот веројатно и ќе се случи, а новиот клуб претставува вистинско изненадување. Германецот би можел во Севиља каде сигурно би бил прва ѕвезда и каде би имал шанса да покаже што знае.
Тимот од Андалузија прави се да го донесе во своите редови. Работата на крајот би можела да биде склопена и Дракслер веројатно ќе го гледаме во Ла Лига во остатокот од сезоната.
Германскиот офанзивец во 71 одиграни натпревари за ПСЖ постигна 15 погодоци, а порано играше за Волфзбург и Шалке 04.