Дома Фудбал Необичен потег: Француски клуб третиот дрес му го посвети на Реал Мадрид

Необичен потег: Француски клуб третиот дрес му го посвети на Реал Мадрид

Францускиот прволигаш Ремс денеска го претстави својот трет дрес, а тој е посветен на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Ремс во 1959 година играше финале во Купот на шампионите против „кралевите“ и беше поразен со 0-2, но овој натпревар кој се одигра во Штутгарт ќе остане запишан во историјата на францускиот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Наредното лето ќе се прослават 60 години од споменатото финале, а во таа чест Ремс реши третиот дрес да го дизајнира во боите на Реал и на овој начин да им се заблагодари на своите „вечни пријатели“.

Ремс во новиот дрес ќе настапи уште во недела во француското првенство против Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот фудбалер на Челси кој избра пари место слава ја завршува кариерата на 34 години поради проблеми со срцето

Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е принуден да ја заврши својата кариера откако беше хоспит…