Дома Останати Нема трета среќа, одбојкарите поразени од Украина

Нема трета среќа, одбојкарите поразени од Украина

Репрезентацијата на Македонија во одбојка трет пат во низа заврши како второпласирана во Европската лига.

Нашите одбојкари овој пат во финалето беа поразени од Украина  со 3:1 во сетови. Лошо го отворивме натпреварот, па Украинците првиот сет го добија со убедливи 25-15. Во вториот сет како да се разбудивме, но сепак не успеавме да го добиме, го загубивме со 25-22.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Но, после пресвртот во претходниот меч нашите немаа намера да се откажат, па успеаа да намалат на 1:2 во сетови. Сепак, иако во четвртиот сет влеговме со огромна мотивација бевме убедливо поразени со 25-13.

За разочарувањето да биде поголемо ова беше единствениот пораз на Македонија во Европската лига, натпреварување кое го заврши со седум победи.

Во натпреварот за третото место Швеѓаните ја совладаа Данска со 3:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…