Во медиумите во претходните денови се пишува за астрономска понуда од ПСЖ за Мбапе со цел да го убедат да остане.
Наводно, ПСЖ до Мбапе испратиле понуда во која за две години напаѓачот ќе заработи 200 милиони евра. Мбапе во таа понуда 100 милиони евра би добил само за потписот, а по 50 во двете сезони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се шпекулираше дека ваквата понуда може да го предомисли Мбапе, меѓутоа шпанскиот новинар на „Ел Чирингуито“, Жозеп Педерол, тврди дека нема ништо од тоа, според него се е завршено и Мбапе оди Реал без разлика што ќе понуди ПСЖ.
„Нема повеќе случај Мбапе. Тој ќе игра за Реал Мадрид следната сезона. Во Реал не се грижат за понудите кои ги добива Мбапе“, изјави Педерол.