Дома Фудбал Германија Нема повеќе дилеми: „Милионерите“ имаат нов тренер

Нема повеќе дилеми: „Милионерите“ имаат нов тренер

Искусниот стратег прифати, останува уште да се договорат сите детали на соработката.

Како што пренесува германски „Скај“, новиот тренер на Борусија Дортмунд ќе биде швајцарскиот стратег, Лусијен Фавр.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Фавр е моментално под договор во Ница, кој истекува 2019. година, но како што се наведува, управата на екипата од Азурниот брег, ќе му дозволи да ја промени средината.

Овој 60-годишен стратег направи добри работи со екипата од „Алијанц Ривиера“ изминатата сезона дојде до третата позиција во Лига 1, па во оваа сезона играше и во квалификациите за Лигата на шампионите, но за жал противник на неговиот тим во плеј-офот беше Наполи.

На Швајцарецот му се препишуваат и заслугите за „оживувањето“ на Марио Балотели, кој под негова палка за две сезони постигна 41 погодок.

Фавр осум години од својата тренерска кариера ги мина во Германија, работеше две години како тренер на Херта, со која го освои четвртото место во Бундеслигата, а потоа од 2011. до 2015. година беше тренер на Борусија Менхенгладбах, со кој во сезоната 2014/15 дојде до третото место и директен пласман во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фонсека откри дел од составот на Милан кој ќе ја нападне Ц. Звезда

Во среда од 21:00 часот на „Сан Сиро“ ќе се одигра натпреварот од шестото коло на Лигата н…