Дома Топ вести Нема ниту минута сениорски фудбал, а веќе вреди 40 милиони евра!

Нема ниту минута сениорски фудбал, а веќе вреди 40 милиони евра!

jota

Блескаше во младинските категории…

Португалецот, Жоао Фелипе, познат како Жота сигурно ги воодушеви сите кои го следеа Европското првенство за играчи до 19 години во Финска.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со своите пет погодоци, беше можеби и најважен член на репрезентацијата која стана европски шампион, а ја доби и наградата за најдобар фудбалер на турнирот.

Тоа беше и повеќе од доволно за да го сврти вниманието на големите клубови.

Барселона и Манчестер Јунајтед први се појавија како заинтересирани клубови за момчето кое се уште нема дебитантски настап за Бенфика во сениорска категорија, а член на младинските категории на овој клуб е од 2007 година, што значи од најарана возраст.

Сега е сосема извесно дека ќе добие прилика кај Руи Виторио (доколку не замине), а цената воопшто нема да биде мала.

Португалците ставија до знаење дека кој сака да го доведе Жота ќе мора да плати 40 милиони евра! Ќе повториме уште еднаш – без настап во првиот тим!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …