Дома Фудбал Италија Нема навивачи? Нема проблем – тука се резервистите на Јувентус!

Нема навивачи? Нема проблем – тука се резервистите на Јувентус!

Јувентус и Интер вчера играа пред празни трибини, а дербито на крајот го доби Јувентус со 2:0.

Бидејќи на трибините немаше навивачи, Сари во финишот доби една интересна идеја. Имено, стратегот на Јувентус побара од играчите на клупата да навиваат за своите соиграчи на теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во финишот од натпреварот Сари со рацете гестикулираше на неговите играчи на клупата да навиваат за оние кои се натеренот да почуствуваат поддршка.

Резервистите на старата дама веднаш реагираа и започнаа да ги бодрат своите тимски колеги, посебно тоа се однесува на резервните голмани Џанлуџи Буфон и Карло Пинсољо.

Инаку, Сари изминатите недели беше на голем удар поради бледите игри на Јувентус, но после вчерашниот натпревар критичарите немаа аргументи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крос откри голема тајна: “Ќе ја освоиме Лигата на шампиони, а Перез наутро ни вели дека…”

Германската легенда Тони Крос сподели некои посебни спомени од времето што го поминал во Р…