Дома Фудбал Останато Нема мир во Париз: ПСЖ му даде СЕ на Нејмар и сега се соочува со РЕВОЛТ на целиот тим!

Нема мир во Париз: ПСЖ му даде СЕ на Нејмар и сега се соочува со РЕВОЛТ на целиот тим!

Секојдневно пристигнуваат информации од Франција, а тие не се ниту малку позитивни за мега засилувањето на ПСЖ, Нејмар кој како што е познато ова лето пристигна во клубот од Париз за сума од 222 милиони евра.

Последните информации кои ги пренесува „Л’Екип“ говорат дека првите проблеми се појавиле уште пред еден месец и сега без малку цел тим на ПСЖ е свртен против Бразилецот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Наводно, причина за првите проблеми била заканата од УЕФА која под притисок од „фудбалската аристоркатија“, му соопшти на ПСЖ дека во никој случај не смее да го прекрши финансискиот фер плеј.

Токму поради тоа во тој момент управата на ПСЖ на трансфер листата ставила дури осум фудбалери, а помеѓу нив бил дури и капитенот на тимот, Тијаго Силва. Покрај Силва на т.н „црна листа“ место добиле: Дракслер, Моура, Бен Арфа, Пасторе, Ди Марија, Матуиди и Серж Орие. Последните двајца веќе го напуштија клубот.

Поради тоа веројатно на секого во клубот му станало јасно дека би можел да биде жртва на астрономската плата на Бразилецот, па наводно сега според „Л’Екип eдинствен кој цврсто стои позади Бразилецот е неговиот сонародник и пријател од Барселона, Дани Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанците најавуваат: Ова е составот со кој Реал Мадрид ќе се обиде да направи чудо!

Реал Мадрид загуби од Арсенал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со…