Двајцата на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд и Жоел Матип ќе бидат надвор од терените три недели поради повреди со кои се здобија на мечот со Арсенал.




Ова е уште една лоша вест за Ливерпул, кој веќе остана без Луис Дијаз, кој исто така се повреди на „Емирати“ и ќе се врати на терените после Мундијалот.




Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Арнолд беше повлечен од игра на полувремето по повредата на скочниот зглоб по стартот на Мартинели, додека Матип беше заменет во вториот дел поради болки во мускулот.




Ова значи дека двајцата ќе го пропуштат дуелот со Глазгов Ренџерс во ЛШ, како и следните две премиерлигашки пресметки, со Манчестер Сити и со Вест Хем.