Дома Фудбал Нема крај на лошите вести за Реал Мадрид

Нема крај на лошите вести за Реал Мадрид

Реал Мадрид проживеа катастрфална седмица во која беше елиминиран од сите важни натпреварувања, а сега на ред дојдоа и повредите.

После елиминацјата од Купот на кралот, за Реал Мадрид следуваше шокантен пораз од Ајакс и елиминација во осминафиналето од Лигата на шампиони.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Во тој натпревар „кралевите“ останаа и без Винисиус кој се здоби со повреда на лигаментите и ќе биде надвор од терените во наредните два месеци.

После Бразилецот, на листата повредени фудбалери се најде и Дани Карвахал. Денес мадридскиот клуб соопшти дека десниот бек ќе мора да паузира еден месец.

Тоа значи дека Карвахал нема да може да настапи и за шпанската репрезенатива во квалификациите за Европското првенство против Норвешка и Малта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА го суспендираше херојот на Турција

Херојот на Турција од осминафиналето со Австрија, Мерих Демирал, доби суспензија од два на…