Дома Фудбал Останато Нема договор: Семејството на Ноури и Ајакс ќе одат на суд

Нема договор: Семејството на Ноури и Ајакс ќе одат на суд

Абделхак Ноури некогаш беше голема надеж на холандскиот гигант Ајакс, но кариерата мораше да ја заврши на само 20 години.

Неговата кариера се заврши во 2017 година кога на пријателски натпревар против Вердер доживеа срцев удар од кој доби тешки оштетувања на мозокот и повеќе од две години беше во кома.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Денес 23 годишниот Ноури полека се опоравува, пред неколку месеци почна да комуницира со семејството. Но, ситуацијата помеѓу Ајакс и неговото семејство не е решено.

Минатата година заврши договорот на Ноури со Ајакс. Семејството требаше да добие оштета, но не може да се постигне договор. Ајакс нуди пет милиони евра, додека семејството на Ноури бара двојно повеќе.

Директорот на Ајакс, Едвин Ван Дер Сар соопшти дека договор не е постигнат и дека се веројатно ќе заврши на суд.

„Разговаравме со семејството и адвокатите, не успеавме да постигнеме договор. Жал ми е, ситуацијата е тешка и знам дека и тие би сакале се да се реши. Големи се шансите целата работа да заврши на суд“, изјави Ван Дер Сар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…