Дома Топ вести Нема да застанат со Дембеле – Мино Раиола им нуди на Барса уште едно засилување!

Нема да застанат со Дембеле – Мино Раиола им нуди на Барса уште едно засилување!

Осман Дембеле е нов фудбалер на Барселона, но во овој трансфер период тој нема да биде последниот фудбалер кој ќе го купи Барса.

Ернесто Валверде е во потрага по уште еден крилен напаѓач, иако пристигна Дембеле и тоа за рекордна сума која Барса ја потрошила за еден играч. Тоа е трансфер кој е втор по големина во фудбалската историја, по трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барса има желба дополнително да ја засили својата офанзивна линија, а ново засилување им нуди Мино Раиола, одличниот агент кој до сега има направено одлични трансфери. Тој им предложи на Барса да го доведат Лоренцо Инсиње, фудбалерот на Наполи кој оваа сезона игра одлично.

Според некои информации од претходната недела, Инсиње е цел на Барселона и екипата на Валверде веќе понудила 60 милиони евра, но таа веднаш била одбиена од страната на Наполи. Прашањето е дали Наполи има желба за продажба, но сигурно доколку се понуди повеќе од 80 милиони евра ќе има причина за размислување.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…