Дома Фудбал Репрезентации Нема веќе надеж за Русија: Полска оди во финалето во баражот за СП

Нема веќе надеж за Русија: Полска оди во финалето во баражот за СП

Репрезентацијата на Полска дефинитивно ќе биде финалист во мундијалскиот бараж за пласман на СП во Катар.

Последниот обид на Русија беше жалбата пред Арбитражниот суд во Лозана, но на крајот и таа не помина. Арбитражниот суд во Лозана ја потврди одлуката на УЕФА Русија да биде суспендирана на неодредено време и поради тоа нема да може да го играат баражот со Полска.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се шпекулираше претходно дека при вакво сценарио може Полска да добие нов противник но тоа нема да се случи, оваа репрезентација оди во финалето за пласман на СП каде што ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу Шведска и Чешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…