Дома Македонски спорт Мак ракомет Немаше дилема: Четири од четири за Вардар во СЕХА лигата

Немаше дилема: Четири од четири за Вардар во СЕХА лигата

Екипата на Вардар вечерва на домашен терен успеа да ја оствари и четвртата победа во рамки на регионалната СЕХА лига, триумфирајќи против екипата на Татран Прешов со 32:28.

Избраниците за Раул Гонзалес сигурно влегоа во мечот и немаше сомнеж дека се ќе биде и овојпат на страната на црвено-црните.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тие првото полувреме го добија со високи 18:11.

Во вториот дел гостите се обидоа да се вратат и судејќи само по вториот дел беа поуспешни. Имено, тие второто полувреме го добија со резултат 17:14, но тоа не беше доволно за на крајот да го совладаат актуелниот европски шампион.

Со по четири постигнати гола во дресот на Вардар се запишаа Фереира, Циндриќ, Карачиќ Шишкарев и Борозан.

Вардар следниот меч во регионалната лига ќе го одигра против ППД Загре за 17. октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се пофали со големо засилување: Го „украде“ Серафимов од Алкалоид!

Актуелниот шампион во ракомет, Еурофарм Пелистер, денеска и официјално го потврди едно од …