Дома Фудбал Останато Некогаш беше играч на Манчестер Сити, а денес поправа рефлектори

Некогаш беше играч на Манчестер Сити, а денес поправа рефлектори

Шеј Логан е член на шкотскиот второлигаш Ков Ренџерс, а некогаш беше талент на Манчестер Сити за кој забележа три настапи во 2009 година.

Но, Логан не оствари голема кариера, а сега на Твитер објави видео како поправа рефлектори на стадионот на Абердин, тим за кој исто така некогаш настапуваше.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Од играњето под рефлектори, до нивно поправање“, зборува Логан во снимката на која се гледа како е заврзан на 15-тина метри над земја. Освена тоа, Логан пред четири години откри дека додека играл за Абердин учел и за водоинсталатер.

Тогаш во разговор за „Би-Би-Си“ најави дека не сака да остане во фудбалот по играчката кариера, туку сака да се занимава со нешто друго. Беше свесен дека не заработува доволно пари, недоволно големи за од тие пари да може да живее.

На неговиот профил на „Linkedin“ објави дека има нови планови.

„Барам нова работа. Фудбалер сум од 16 години, но посветен сум на секоја работа. Работата со нафта во бизнисот би било нешто кое најмногу би го сакал“, напиша Логан.

Професионалната фудбалска кариера ја започна во 2007 година во Сити. Досега настапуваше за Гримсбу Тоун, Скунтроп, Сткопорт, Тренмер Роверс, Брентфорд и Абердин. Неговата најголема цена достигната на „Трансфермаркт“ беше 600.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал ја претстави новата скапа ѕвезда

Арсенал официјално го претстави Еберечи Езе како нов член. Тоа се случи неколку минути пре…