Дома Фудбал Италија Незгодна ситуација: Дали де Вриј треба да игра против Интер? Навивачите велат НЕ

Незгодна ситуација: Дали де Вриј треба да игра против Интер? Навивачите велат НЕ

Дефанзивецот на Лацио Стефан де Вриј од следната сезона ќе настапува во дресот на Интер, а во последното коло токму Лацио и Интер на „Олимпико“ ќе одлучуваат кој ќе игра во ЛШ следната година.

Токму пред мечот на одлука помеѓу Лацио и Интер беше потврден трансферот на Де Вриј на „Џезепе Меаца“, па навивачите на римскиот клуб сметаат дека Холанѓанецот не смее да игра на тој натпревар.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Многумина се сомневаат во неговата професионалност и сметаат дека може да му „помогне“ на својот иден клуб следната година да игра во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, челниците на Лацио и тренерот Инзаги веруваат во неговиот професионализам и најверојатно Де Вриј ќе биде во стартниот состав.

Навистина незгодна ситуација која може додатно да „зоврие“ доколку Холанѓанецот направи „кикс“ на тој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се знае каде ќе игра Душан Влаховиќ од следната сезона?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по нешто повеќе од четири години во клубот. Нема дог…