Дома Фудбал Незаменливиот Бензема добива нов, побогат договор од Реал Мадрид

Незаменливиот Бензема добива нов, побогат договор од Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваа дека Карим Бензема наскоро ќе стави потпис на нов договор и ќе ја продолжи верноста со Реал Мадрид.

Бензема ги договорил новите услови со „кралевите“ и така ќе стане еден од најплатените фудбалери во екипата на Зинедин Зидан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Французинот наскоро треба да потпише договор до 2022 година, а според новиот договор ќе добива 11 милиони евра годишно.

Зидан му верува на неговиот сонародник во нападот, а Бензема на седум одиграни меча во Ла Лига постигна дури шест гола и една асистенција, па може да се каже дека е една од најсветлите точки во клубот во моментов.

Оваа информација секако не е добра за Лука Јовиќ, кој нема да може да добие шанса во нападот покрај одличниот Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…