Дома Трансфер зона Незадоволниот Санчез го напушта Баерн – се сели во Франција

Незадоволниот Санчез го напушта Баерн – се сели во Франција

Ренато Санчез пристигна во Баерн Минхен како „вундеркинд“ и еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, но не се снајде најдобро на „Алијанц Арена“.

Младиот Португалец јавно изјави дека не е задоволен и сака да ја промени средината, а медиумите тврдат дека наскоро би можела да се заврши неговата „агонија“ во Минхен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Француските медиуми пренесуваат дека Лил е во напредни преговори со Баерн за трансфер на 23-годишниот играч за врска. Трансферот би требало да се реализира на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Санчез на „Алијанц Арена“ пристигна во 2016 година и од тогаш одигра само 53 меча за Баварците на кои постигна два гола.

Санчез блесна во дресот на Бенфика и на Европското првенство, па со само 18 години направи трансфер во Баерн, но неговата кариера не се развива според предвидувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…