Оваа година за Кристијано Роналдо беше повеќе одлична и успешна. Ја освои Лигата на шампионите, потоа и Европското фудбалско првенство, доби признание за најдобар фудбалер на Европа, а го чека и Златната топка. И на самиот крај од годината, по сè изгледа на повидок е и нова љубовна врска.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалскиот фудбалер, во маскирано издание, беше фотографиран во парискиот Дизниленд, како ужива во опуштена прошетка и разменува бакнежи со Георгина Родригез. Маскиран дури и со перика, сепак не доволно добро за да не го препознаат папараците, тој беше „уловен“ како разменува нежности со наводно новата девојка.
Тие двајца се запознаа на настан кој го организираше Dolce & Gabbana, а за Георгина се знае многу малку, само дека е од Мадрид и дека е вработена во Gucci.