Дома Фудбал Италија Недвед го „пецна“ Интер, Матераци спреми жесток одговор

Недвед го „пецна“ Интер, Матераци спреми жесток одговор

Легендите на Јувентус и Интер, Павел Недвед и Марко Матераци се главна тема во италијанските медиуми.

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед вчера во интервју за италијанските медиуми го „пецна“ Интер.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


На прашање какво е чуството да се биде 10 бода зад Интер тој одговори.

„Знаеш кое е вистинското чуство? Повеќе од 3200 дена Скудетото да го гледам на дресот на Јувентус. Мојот син беше во основно школо, а сега вози кола и оди во универзитет, а Скудетото се уште е на дресот на Јувентус. Е тоа е чуство“, одговори Недвед.

Не се чекаше долго на одговор од Матераци, кој денес преку социјалните мрежи му се обрати на Недвед.

„Павел, ти посакувам твојот син да види како се освојува Лига на шампиони пред да ги заврши студиите, заслужува. Моите деца видоа освојување на ЛШ и Светско првенство уште додека беа во градинка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…