Дома Фудбал Англија Невил: Јунајтед се претвори во гробница за фудбалери

Невил: Јунајтед се претвори во гробница за фудбалери

Манчестер Јунајтед потроши повеќе од една милијарда евра на трансфери во последните 9 години, но клубот не направи никаков значителен напредок во тој период.

Легендата на клубот, Гери Невил е крајно разочаран од она што се случува во Манчестер Јунајтед и упати жестоки критики кон луѓето кои го водат клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Манчестер Јунајтед стана гробница за фудбалери. Тимот ризикува да ја заврши оваа сезона во втората половина на табелата доколку не ги реши главните проблеми“, смета Невил.

„Регрутирањето на играчи е ужасно од семејството Глејзер и тоа е еден од најголемите проблеми на Манчестер во изминатите 10 години. Менуваа менаџери и дозволуваа менаџерите да имаат влијание во регрутирањето и тоа се покажа како голем проблем. Гледаме во последните 10 години дека биле потрошени 1,25 милијарди фунти на големи засилувања. Само две засилување имале добри перформанси и се покажале како добри. Тоа се Бруно Фернандеш и Златан Ибрахимовиќ“, заклучи Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флорентино Перез повлече потег на кариерата и го договори Клоп, но еден човек може да му ги сруши соништата

Името на Јирген Клоп повторно ја размрда европската фудбалска јавност, овој пат во контекс…