Дома Фудбал Англија Невил ја објасни ситуација на „Олд Трафорд“: Јунајтед веќе не се однесува во склад со традицијата

Невил ја објасни ситуација на „Олд Трафорд“: Јунајтед веќе не се однесува во склад со традицијата

neville

Жозе Мурињо е главна тема помеѓу спортски аналитичари во Англија после вчерашниот висок пораз на неговиот Јунајтед против Тотенхем (0:3).

Додека Португалецот се брани дека „црвените ѓаволи“ играле подобро од Спарсите, многумина на Мурињо му предвидуваат отказ најдоцна до Божиќ, сепак постојат и такви кои застанаа во негова одбрана.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од нив е легендарниот фудбалер на овој клуб Гери Невил кој смета дека нема смисла клубот да го отпушти Мурињо кога договорот на Португалецот уште во есента беше продолжен до 2020 година.

Луис Ван Гал беше избркан од клубот после освојувањето на ФА Купот, Дејвид Мојс доби отказ на четири натпревари пред крајот на сезоната. Манчестер Јунајтед повеќе не е клуб кој се однесува во склад со препознатливата и долга традиција. Мурињо мора да ја одработи работата до крај. Не можете цело време да ги менувате тренерите. Заедно со Вудворд мораат да ги решат проблемите за доброто на клубот. Нека го поправат она што го расипаа бидејќи овој клуб е поголем од секој поединец“, порача Невил.

Следен натпревар во Премиер лигата на Манчестер Јунајтед неделното гостување кај Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…