Ромелу Лукаку „крена прашина“ со интервјуто за „Скај Италија“ во кое порача дека не му се допаѓа сегашната ситуација во клубот и системот во кој игра тренерот Томас Тухел.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради тоа интервју Тухел се одлучи да го изостави Лукаку од составот за дербито против Ливерпул. Гери Невил смета дека Лукаку бил довоолно храбрар да биде автентичен и искрен.




„Мораме да му аплаудираме на Лукаку што беше доволно храбар и го кажа она што го мисли. За мене секогаш е подобро кога играчите се поавтентични и поискрени. Ромелу е искрен и ако бев навивач или нешто во клубот ќе бев разочаран затоа што некој во кој сте вложиле толку многу зборува такво нешто“.




„Она што Лукаку може да го каже сега е: Видете, кажав зборови кои можеби требаше да ги задржам за себе, но тоа беше вистината. Според мене треба да се посвети на соиграчите и нив да им се ивини, фудбалерите обично си простуваат еден на друг, затоа што ситуацијата се менува и лесно можат улогите да се заменат“, изјави Невил.